Комисијата за заразни болести предлoжи воведување полициски час во цела држава од 22 часот навечер до 5 часот наутро

Воведување на мерката полициски час кој би траел од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава, преложи во понеделникот министерстeрот за здравство  Венко Филипче, по предлог на Комисијата за заразни болести.

Комисијата, како што информираат од Министерството за здравство, дополнително ќе се произнесе од кој ден би требало да започне и до кога би требало да траер полицискиот час.

Министерот Филипче образложил дека овој предлогот на Комисијата е поради тоа што изминативе седмици најмногу инфицирани има поради трансмисија на вирусот преку собири, но и непочитување на воведените мерките за носење заштитна опрема, држење дистанца и негрупирање.

Анализите на Комисијата утврдиле дека поради непочитување на мерките, ќе има нови случаи на заразени но и зголемен број на хоспитализирани, од таа причина Комисијата смета дека една ваква ригорозна мерка ќе има ефект.

Владата на својата седница во вторникот ќе треба да се произнесе по предлогот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести.