„Раце кои говорат“ – белградски и скопски ученици во „Подобар регион започнува со млади“

Училиштето за ученици со оштетен слух  „Стефан Дежански“ од Белград, во соработка со ДУЦОР „Партенија Зографски“ од Скопје, Македонија, го спроведуваат проектот „Раце кои говорат“ („Hands that Speak“) поддржан од Регионалната канцеларија за младинска соработка (Regional Youth Cooperation Office – RYCO), како дел од третиот отворен повик за проекти, насловен како „Подобар регион започнува со млади“.

Целта на проектот е да придонесе за подобрување на положбата, социјално вклучување и интеграција на глувите и наглувите ученици во општеството. Иако националните знаковни јазици се официјално признати и правно изедначени со говорните јазици во Србија и Македонија, глувите и наглуви ученици се соочуваат со бројни пречки во комуникацијата со луѓето што слушаат за време на нивното школување, како и во секојдневниот живот. Луѓето без оштетн слух обично не знаат знаковен јазик, освен ако во своето опкружување немаат глуви лица.

Идејата е да им се даде можност на учениците од редовните училишта да научат знаковен јазик како уште еден корисен начин за комуникација. Исто како што учиме странски јазици за да комуницираме со странци, познавањето на знаковниот јазик ни помага да разговараме со глуво лице, но може да биде корисно и во други ситуации, како на пример кога сме физички далечни од соговорникот.

Партнерските училишта воспоставија соработка со две редовни училишта во нивната област (Основно училиште „Петар Петровиќ Његош“ од Белград и Гимназија „Никола Карев“ од Скопје). Иако првичниот проект, кој започна на 15 јануари 2020 година, предвидуваше активности на проектот да се одвиваат во директен контакт помеѓу учесниците и преку три меѓународни размени на млади, пандемијата од корона вирусот го наруши ова, па работата на проектот се префрли во виртуелно опкружување и се одвива преку дигитални платформи.

Преку серија онлајн работилници на српски и македонски знаковен јазик, глувите и наглуви ученици, како едукатори за врсници, ги учат своите пријатели од редовните училишта основите на знаковниот јазик и комуникацијата со глувите. На овој начин, студентите ги зајакнуваат своите комуникативни и дигитални компетенции. Работилници, виртуелни размени, мрежни состаноци и други активности, во исто време претставуваат можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и на тој начин да работат на надминување на комуникацијата и другите бариери и предрасуди и да сфатат дека иако тие користат различни начини на комуникација (говорен и знаковен јазик) сепак има многу повеќе сличности отколку разлики.

За повеќе информации во врска со проектот, ве покануваме да ни се придружите и да ги посетите нашите страници на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм – само напишете го името на проектот на англиски јазик „Раце кои говорат“ и можете лесно да нè најдете на следниве Интернет адреси:

https://www.facebook.com/Hands-that-speak-105252854916584

https://www.instagram.com/hands_that_speak/

Со малку добра волја и заедничка работа, можеме да ги надминеме сите пречки.

За регионалната канцеларија за младинска соработка

Регионалната канцеларија за соработка со млади (RYCO www.rycowb.org) е меѓународна организација основана од владите на Западен Балкан: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, со цел да се промовира духот на помирување и соработка меѓу младите луѓе во регионот преку програми за размена на млади.

Договорот за основање на Регионална канцеларија за младинска соработка беше потпишан од премиерите на Западен Балкан за време на Самитот за Западен Балкан, одржан на 4 јули 2016 година во Париз.