
Со приклучувањето на Жарко Пешевски македонската машка ракометна репрезентација од вторникот е во комплетен состав пред двомечот со светскиот шампион Данска.
Кирил Лазаров, кој ќе ја има двојната улога на селектор и капитен на ракометната репрезентацијам од денеска на располагање ќе ги има сите ракометари кои се најдоа на неговиот список за двомечиот со актуелниот светски и олимписки шампион Данска.
Првиот дуел против Данците нашите ракометари ќе го играат во четврток (11-ти март) од 20 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“, додека возвратниот меч на програмата е на 14-ти март во Алборг, со почеток од 16 часот.