Арсовски: Со Џони Заев Инглиш сѐ е можно, дали зборувал со МИ-6 или со руските пранкери за вакцини?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски се шегува со изјавата на премиерот Зоран Заев дека преговарал со тајни служби за вакцините.

Имајќи го предвид и неговото искуство со руските пранкери, Арсовски со право се сомнева со кого Заев преговарал, зашто, ако му се верува на премиерот преговори имало многу, вакцини едвај малку.