
2.790 килограми течен хероин запленет во Грузија.
Хероинот бил скриен во 93 контејнери за течен сапун со по околу 30 килограми течност. Големото количество било откриено во автомобил, кој влегол на грузиска територија од Азербејџан и кој патувал за Турција. Приведени се двајца грузиски државјани.
Анализите покажале дека наркотикот содржи 80 проценти чист хероин и е со вредност на црниот пазар стотици милиони долари.