На првиот вицепремиер Артан Груби му стана практика на гостите од странство да им подарува кече – бела капа што традиционално ја носат Албанците.
Тој денеска за добредојде му подари кече и на црногорскиот министер за надворешни работи Дритан Абазовиќ.
Фотографијата е споделена и на неговиот Фејсбук профил каде што Груби напиша:
„Братска средба со Дритан. Нашите две земји се на добар пат и соработката меѓу нас нема да изостане. Добри времиња за нашиот регион се пред нас“, напиша Груби.
Минатата година министерот за политички систем му подари кече на евроамбасадорот Самуел Жбогар на прошталната средба.