Венко Филипче воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните. Единствено му е важно да си ги реализира своите и партиските интереси, а не да си ја заработи платата, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„На родилка ѝ беа извадени три здрави органи, а на Филипче ич не му е гајле. Филипче само вели ‘стигна извештајот од Лекарската комора не нашле пропуст при стручниот надзор‘. И толку, понатаму Филипче ништо не го интересира. Филипче вели дека му треба време да размисли за разрешување на докторот директор?! Какво размислување, тој доктор директор осакатил жена и и извадил три здрави органи. Точно дека во ваков случај постапуваат надлежните институции, но Филипче мора да делува, мора да побара политичка одговорност. Делото го направил доктор кој е воедно директор на Болницата во Струга. Никој не смее така да постапува, најмалку директор, ама министерот мора да делува. Кога министерот не делува, и тој треба да сноси одговорност“, се вели во соопштението.