Принцот Вилјам ги негира тврдењата на Меган Маркл за расизам во кралското семејство

Британскиот принц Вилјам изјави дека членовите на кралското семејство не се расисти, демантирајќи ги изјавите на неговиот брат принцот Хари и неговата снаа поранешната американска актерка Меган Маркл даден за телевизиската водителка Опра Винфри, поренесува во четвртокот телевизијата Sky News.

„Ние воопшто не сме расистичко семејство. Ние сме многу нерасистичко семејство“, одговори принцот Вилијам за британската телевизија, кој е третиот во наследниот ред на британската круна.

Одговарајќи на прашањето на новинарите додека одел кон училиште на истокот на Лондон, внукот на кралицата Елизабета Втора, исто така, рече дека ќе се слушне со својот брат во врска со тврењата.

Војводата од Кембриџ, исто така, рече дека сѐ уште не разговарал со неговиот брат, принцот Хари, по сензационалното интервју кое ноќта во неделата беше емитувано на американската телевизиска мрежа CBS News, но посочи дека планира да го стори тоа.

„Сѐ уште не сум разговарал со него, но планирам“, додаде принцот Вилијам.

Британската кралица Елизабета Втора има, исто така, намера следните неколку дена телефонски да разговатра со принцот Хари и да ги дикутира со него последиците од интервјуто, дознаваат британските медиуми од извори во Бакингемскиот дворец.

Во интервјуто војвотката и војводата од Сасекс, кои пред една година се откажа од привилегиите и должностите на кралското семејство и се преселија во САД, имаа неколку сезнационални изјави кои според оцените на политичките коментатори нанесоа голема штета на имиџот на британската монархија.

Посебно вниманието на јавноста го привлече во контекстот на глобалната антирасистичка кампања, тврдењето на Меган Маркл чијашто мајка е црна, дека роднинина на нејзиниот сопруг изразил загриженост за бојата на кожата на нивниот првороден син Арчи, дека помислувала на самоубиство, како и дека била навредувана од сопругата на постариот брат на принцот Хари, војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон. Принцот Хари, пак, рече дека барал помош од својот татко прицот Чарлс, но дека не ја добил.

Британското кралско семејство, два дена по емитувањата на интервјуто во САД, соопшти дека со голема сериозност ќе ги разгледа наводите на Хари и Маркл за расизмот истакнувајќи дека „некои спомени може да се разликуваат“. Бакингемскиот дворец соопшти дека ќе ги реши сите проблеми кои ги отвори интервјуот, на приватен начин.