Љутков: Власта има за цел да ги уништи националните институции, за да и направи штета на националните интереси

Власта има за цел да ги уништи националните институции со поставување на директори кои се спортисти и немаат врска со култура, вели претседателот на Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков во „Што не е јасно“ на Алфа.

– Ова се прави со намера. Да се уништат сите национални институции, и тоа е и целта со законот дека националните институции треба да се фрлат на локална самоуправа а која не е подготвена да ги прифати, а со овие постапки треба да се покаже тоа.   Самата министерка  која го заговара новиот Закон за јавниот интерес во културата, во интервју призна дека не се способни да го спроведат законот ни да направат децентрализација, потенцира Љутков.

Тој истакна дека по назначувањето на директорите на културни институции, а се од спортот, но и со законот се легализираат само скандалите на власта.

– Многу малку луѓе од националните институции се вклучени во креирањето на законот. и се гледа дека е правен од себични причини. Еднаш треба да се стави крај на партизацијата и гмечењето на културата. Уметниците треба да го стават гласот и треба да стават вето на несоодветното поставување на несоодветни директори на институциите, рече Љутков.

Љутков посочи дека многу е јасно што се работи, а тоа е се што е национално да го нема и да се направи штета на националната култура.

– Велат дека се е национално, ама законот кој го туркаат се губи националното и нема ништо македонско. Овој закон  е недозволиво да помине, ќе направи голема штета на националните интереси и голема штета на уметници, нагласи Љутков.