
Одбраната на обвинетите во случајот на „27 април“ денеска објаснија дека од мобилните оператори побарале извештај за телефоните 071 230-7** и 071 323-9** . Овие броеви во 2017 година им припаѓале на Кирил Божиновски и Билјана Бришкоска.
Но, од мобилните оператори добиле одговор дека податоците за активностите на претпатниците ги чуваат само една година и оти потоа се бришат.
Намерата на одбраната беше да докаже дека Александар Василевски-Нинџа лаже оти на „27 април“ во штабот на ВМРО-ДПМНЕ ги видел Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и Бришкоска.
Токму Бришкоска на едно од минатите сведочења истакна дека Василевски вооошто не го забележала во штабот на партијата.
-Со оглед на неговиот корпулентен лик што го имам видено во медиумите сигурно би го забележала доколку бил на осмиот кат, но не го забележав додека јас бев таму – потенцираше Бришкоска.
Таа додаде дека зградата ја напуштила околу 21.30 часот и во тоа е сигурна бидејќи во 22 часот веќе била дома.