Јорданскиот министер за здравство поднесе оставка по смртта на пациенти поради недостиг од кислород

Јорданскиот министер за здравство Натир Обејдат поднесе оставка во саботата откако шест пациенти починале поради недостиг од кислород во билница за заболени од Covid-19 , а полицијата е распоредена да ги задржи огорчените жртви на починатите, пренесуваат државните медиуми.

Во новата државна болница „Salt“ западно од јорданската престолнина Аман без гислород останале одделенијата за интензивна нега и болничките трактови за родилки и заболените од Covid-19.

Владиниот портпарол изјавил дека премиерот Бишер ал-Касавнех побарал од министерот за здравство Натир Обејдат да поднесе оставка поради овој инцедент, бидејќи за тоа мора да понесе „морална одговорност“.

Обејдат објаснил дека почетната истрага покажала дека шесте лица починале бидејќи не можело да добија кислород на споменатите болнички одделенија, па обвинителството покренало истрага за причината за смртните случаи.

Болницата по смртта на пациентите ја посетил и јорданскиот монарх, кралот Абдула.

Во Јордан последниот период е забележан голем пораст на заболените од Covid-19, што главно се припишува на присуството на позаразениот британски сој на коронавирусот во земјата.

Кралстово со околу 10 милиони жители, последната седмица бележи рекордни дневни показатели за бројот на новозаразените и починатите. Од почетокот на пандемијата, забележани се 385.533 заболени со Covid-19 и 5.224 смртни исходи.