Двајца мажи во средните четириесет години од животот се пронајдени мртви во нивните домови во петокот во две скопски населби, а двете тела се предани на обдукција за расчистување на прилините за смртта, соопшти во саботата министерството за внатрешни работи.
Во петокот во 12,50 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без видливи траги на насилство во стан на улцата Ташко Караџа“, во скопската општина Гази Баба. Починатиот е идентификуван како 44-годишниот С.А. од Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Вечерта, околу 20 часот во СВР Скопје од страна на Итна медицинска помош било пријавено дека имало починато лице без траги на насилство во стан на улицата „Маџари“. Покојникот е идентификуван како 43-годишниот И.Ј. од Скопје.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.