
Тројца здравствени работници во Норвешка кои неодамна ја примиле вакцината против Covid-19 на англо-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ се на болничко лекување поради згрутчување на крвта, соопштија во саботата норвешките здравствени власти.
Норвешка во четвртокот ја запре примената на оваа вакцина, по сличниот потег на Данска, а Исланд потоа го следеше нивниот пример. Австрија и Италија претходно, исто така, воведоа исти мерки, како и Естонија, Литванија, Латвија и Луксембург, а во петокот им се приклучи и Бугарија.
„Не знаеме дали случаите се поврзани со вакцината“, изјави Сигурд Хортемо од Норвешката агенција за лекови на прес-конференција која ја одржа заедно со претстсвниците на Норвешкиот институт за јавно здравје.
Сите три лица се помлади од 50 години. Европската агенција за лекови (ЕМА), ќе ги истражи трите инцидента, додаде Хортемо.
Данската здравствена агенција, којашто прва ја донесе таквата одлука, се повика на претпазливост поради „тешките случаи на згрутчување на крвта кај лицата кои ја примиле вакцината“, иако „засега“ не е докажана поврзаноста на вакцината и згрутчувањето на крвта. Австрија во неделата ја прекина употребата на оваа вакцина по смртта на 49-годишна медицинска сестра неколку дена по вакцинирањето откако добила „тешко згручување на крвта“. Нејзина 35-годишна колешка од клиниката во Цветле, во покраината Долна Австрија, пак, добила белодробна еболија.
Јужнокорејските здравствени власти на 3-ти март објавија дека ги истражуваат смртните случаи на две лица, и двете со коморбидитети, кои починале во деновите откако биле вакцинирани против Covid-19 со вакцината на „AstraZeneca“. Штитеник на дом за стари и немоќни лица со цереброваскуларна болест, на 63-годишна возраст, развил симптоми, вклучително и висока температура, четири дена откако ја примил вакцината. Мажот ден претходно бил пренесен во поголема болница, но починал по сиптомите за труење на крвта и воспаление на белите дробови. Вториот починат пациент бил во педесеттите години, срцев пациент со дијабетес, а починал бидејќи претпрел повеќекратен срцев удар ден откако ја примил вакцината, соопшти директорот на Корејската агенција за контрола и превенција на болестите (KDCA), Јеонг Еун-кјеонг.
Англо-шведската фарамцевтска лабораторија и произведувач на вакцината, како и британската влада, реагираа во четвртокот дека вакцината е „безбедна и ефикасна“.