Куманово го декласираше Работнички, ФМП го изненади МЗТ Скопје

Кошаркарите на Академија ФМП го приредија наголемото изненадување во оваа коло на машкиот кошаркарски шампионат откако го победија големиот фаворит МЗТ Скопје со 85:73.

Металците имаа двоцифрена предност на полувреме (33:46), но во вториот дел сосема поинаква слика на теренот, домашните кошаркари одиграа одлично во орбраната, успеаја да го оневозможат противникот дури осум минути да не упати ниту еден шут за три поени и успеаја во финишот од третата четвртина да дојдат на минус четири 58:62.

Во последната четвртина, домашните кошаркари со тројките на Двојаковски и Харис дојдоа до предност од 79:71 која не ја испуштија до крајот на наптреварот.

Теодор Атанасов со 21 поен и Оливер Двојаковски со 16 поени беа најзаслужни за триумфот на Академија ФМП, додека Феми Олуџоби и Дамјан Стојановски постигнаа по 14 поени за МЗТ Скопје.

Куманово пак го размонтира Работнички на домашен терен со 95-70. Клучни за поразот беа втората и третата четвртина кои Куманово ги доби дури 26 поени (54:28).

Ливингстон со 20 поени беше најпрецизен кај Куманово, а одлична партија прикажа и Џекиќ со 18 поени. Во редовите на Работнички, Питс даде 17 поени, а Николовски уфрли 15 поени.

Екипата на ТФТ без проблеми дојде до убедлив триумф од 94:71 над Вардар, а Еуроникоел беше уште поубедлив против Црн Дрим и славеше со 111:74 додека единствениот триуфм на гости го оствари Пелистер кој со 80:100 го совлада Гостивар