Македонија без Лазаров и Миркуловски против Данска

Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров,  направи големи промени во составот за реванш мечот против селекцијата на Данска.

Така Лазаров одлучи заедно со ветеранот Филип Миркуловски да ги штедат силите во повторената пресметка со актуелниот светски првак по триумфот над Данска во Скопје, и да им даде шанса на помладите.

Претходно поради повреда во Скопје остана Стојанче Стоилов на негово место шанса добива Михаил Аларов.

Ново име во составот е Мартин Серафимов, кој заедно со Мартин Велковски ќе го менуваат капитенот, шанса добива и Емилијан Ѓоргоски.