Две лица починале а уште 13 други се ранети откако е употребено огнено оружје на забава ноќта кон неделата по локално време во Чикаго, во сојузната држава Илиноис, објави американската телевизиска мрежа NBC News повикувајќи се на полициски извори.
Полицијата реагирала на пријава за истрели од огнено оружје околу 4,40 часот утрото по локално време во еден локал, изјавил полицискиот портпарол Хозе Хара. Додал дека ранетите се меѓу 20 и 44-годишна возраст, и дека едно од настраданите лица е во критична состојба, а уште седум се во сериозна.
Чикашката полиција засега не открива дали станува збор за престрелка или напад од страна на едно или повеќе лица. Исто така, засега не се познати мотивите за инцидентот и нема објава дека се трага по осомничени лица.
Претходно ноќ кон саботата засега непознат напаѓач отворил оган врз учесници на илегална забава во Њујорк во текот на владеењето на забраната за собири поради пандемијата. Инцидентот минал без жртви, а пет лица биле ранети но новите животи не се загрозени, соопшти полицијата.