Менкиноски: Скандалозна одлуката за притвор за Камчев

Одлуката за 30-дневен притвор за бизнисменот Орце Канчев е скандалозна бидејќи притворот е изречен врз база на неиздржани индиции на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), изјави адвокатот Тони Менкиноски остро реагирајќи на притворањето на неговиот клиент.

Според него, „садистички е бизнисмен кој инвестира во време на пандемија“, уште и големиот хрстијански празник Прочка, да биде приведен по барање на обвинител од Радовиш, во случајов поранешната побвинителка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) Лиле Стефанова.

Менконоски оцени дека во документот за притвор се наведуваат тврдења со „ќе“, без да има некакви докази. Тој најави жалба на притворот, но и нагласи дека еден ден и судот во Стразбур ќе пресуди дека на Камчев му се нарушени човековите права.

„Во утринските часови г–дин Јордан Камчев беше задржан, лишен од слобода, поради кривично дело ‘изборна измама’. А сега, сосема поинакво образложение од страна на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал побара притвор од судот поради некаква си индиција од AНБ дека ќе се дадел во бегство, да му се определи 30-дневен притвор“, Менконоски.

„Сите мерки за овој предмет кој трае надвор од законскиот рок за истрага, скоро 30 месеци, каде што сѐ уште не е подигнато обвинение, сите мерки се исполнети, даден е капитал како гаранција, дадени се пасошите и Камчев воопшто нема зошто да бега. Доби притвор само врз база на некаква пријава“, рече Менкиноски.

Менкиноски повтори дека уште повеќе е нејасно како е приведен кога во полициската станица Карпош му било соопштено дека е поврзано со „изборна измама”, а потоа излегува дека е за нешто друго и за тоа се изрекува притвор.

Уште еднаш нагласи дека судијата на претходна постапка бил контрадикторен,се зборувало за индиции за бегство, иако, како што нагласи Менкиноски, нема такви индиции бидејќи Камчев инвестира во земјата, нема пасош и со ништо не покажал намери за излегување од државата.

Информацијата за „бегство”, рече Менкиновски е од Агенцијата за национална безбедност, а таму, како што нагласи, работи сопругот на Фросина Ременски, против која Камчев следната недела треба да сведочи во предметот „Меѓународен сојуз”.

„Ако притворот го спречи сведочењето, судењето ќе се одложи, а тоа ќе биде голем срам“, нагласи адвокатот.

Oбвинителката Лиле Стефанова, која го застапува случајот „Плацеви на Водно“, во кој покрај првоосомничениот Никола Груевски, се сомничaт и Камчев, како и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, избегнуваше да се појави пред новинарите и го напушти судот од задната страна на објектот, но и пред доаѓањето не сакаше да одговори на новинарски прашања.