
До пред неколку часа претпоследниот тим на табелата Нант приредија сензација победувајќи го на „Паркот на принцовите“ Пари Сен Жермен со 2:1, а во дербито од 29-то коло од француското фудбалско првенство Монако и Лил одиграа без голови.
Ова е првата победа на Нант на „Паркот на принцовите“ од ноември 2002 година.
Нант на гостувањето во Париз замина како претпоследен во француското првенство, а со неочекуваните три бода напредуваше едно место, но и натаму е во зоната на испаѓање. ПСЖ, пак, ја испушти можноста да го презема врвот на табелата откако лидерот Лил ремизираше кај Монако.
ПСЖ, кој претходно седмицава во Лигата на шампионите ја елиминираше Барселона, долго го кршеше отпорот на Нант, а кога Јулијан Дракслер во 42 минута погоди за 1:0 се чинеше дека „Светците“ рутински ќе дојдат до бодовите. Меѓутоа, следеше голем пресврт во кој Рандал Коло Муани израмни во 59 минута, а Мосес Симон во 71 минута ги доведе во водство гостите. Парижаните во продолжувањето се обидоа баре да израмнат, но Нант одлично се одбрани приредувајќи првокласна сензација.
Нант сега со непланираните три бода има вкупно 27, со кои дојде на 18-то место од кое се игра плеј-оф за опстанок, со еден бод помалку од 17-от Лориен, а бод повеќе од 19-от Нимс кој е на позицијата која директно води во понизок ранг.
Монако беше поблиску до победата, но неговите играчи не успеаја да го совладаат гостинскиот голман Мик Мењан. Тимот од Кнежеството во 22 минута стаса до водство со голот на Висам Бен Једер, но голот беше поништен поради офсајд и тоа по асистенција на ВАР-от. Во 30 минута се заканија гостите се заканија гостите, но Тимоти Веа шутираше само по средината на противничкиот гол. Во последните моменти од првото полувреме повторно се закани Бен Једер, но шутираше над голот. Можеби најдобрата шанса на мечот Монако ја имаше во 90 минута кога Стеван Јоветиќ во шеснаесетникот прифати долга топка и шутираше во долниот лев агол, но Мењан одлично реагираше.
Лил е сега со 63 бодови на три повеќе од второпласираниот ПСЖ, а Монако е на четвртата позиција со 56 бодови, четири помалку од третиот Лион, а 11 повеќе од петтиот од Ленс.
Претходно Бордо го порази домашниот Дижон со 3:1 прекинувајќи ја серијата од седум кола без победи. Бордо последната лигашка победа ја оствари во јануари против Анжќ, а потoа нанижа шест порази и едно реми.
Двоен стрелец за гостите беше Хванг Уи-јо во 33 и 45, а еднаш погоди и Николас де Превил во 50 минута.
Бордо сега е 11-ти со 36 бодови, додека Дижон остана последен 20-ти со 15 бодови, 11 помалку од зоната на опстанок
Лошата серија ја прекина и Рен кој со голот на Бенжамин Бурижо во 25 минута го совлада Стразбур. Со првата победа во последните девет кола Рен со 41 бод е на 8-то место, додека Стразбур е 15-ти со 33 бодови, седум повеќе од опасната зона.
Лориен и Ница одиграа 1:1. Гостите поведоа во 58 минута со погодокот на Мијзиан Маулида а за домашните израмни во 66 минута Јоан Виса. Ница е 12-та со 36 бодови, а Лориен е 17-ти со 28 бодови, два повеќео до 18-от Нимс кој е на позицијата од којка се игра разигрување за опстанок, а четири повеќе од Нант кој е веќе е на место кое директно води во понизок ранг.
Ленс двапати беше во водство со 1:0 и 2:1 на мечот со Мец, кој сепак заврши без победник. Домашните головите ги постигнаа преку Јонатан Клаус во 13 и Јаник Каузак во 36 минута, а гостите израмнуваа преку Вагнер Гонсалвеш од пенал во 27 и Тома Делен во 57 минута.
Ленс моментално е на петтото место со 45 бодови, девет бодови помалку од позициите кои водат во европските купови, а Мец е седми со 42 бода.