
Најголемата ѕвезда во репрезентативниот дрес на Аргентина, Лионел Меси, откри дека веднаш би се откажал од сите индивидуални награди во замена за титулата светски шампион.
“Би ги дал сите мои награди и достигнувања само да станам светски првак. Повеќе би сакал да ја освојам оваа титула отколку Златната топка. Освојувањето на Мундијалот е најголемо достигнување на еден фудбалер, нешто за што мечтаеш кога си млад и тој сон никогаш не завршува. Ќе сториме се нашиот сон да го претвориме во стварност”, изјави Меси.
Како фудбалер на Барселона, Меси, три пати ја освојуваше Лигата на шампионите, шест пати бил првак на Шпанија и освоил два национални купа. Репрезентативецот на Аргентина четри пати по ред ја освојуваше престижната награда на ФИФА и Франс фудбал “Златната топка”, а единствениот трофеј кој му недостасува е тој кој се доделува на најдобрата репрезентација на фудбалскиот мундијал.