-3.2 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

(ВИДЕО) Заев ги повика сопартијците на 21 март да изберат лидер на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска се обрати на јавноста и рече дека на 21 март ќе се одржат првите внатрепартиски избори за претседател со него како единствен кандидат.

Додаде дека СДСМ ги отвора вратите за сите оние кои ги поддржуваат нивните идеи, а досега не биле активно вклучени во политичкиот живот во нашата земја. Рече дека партијата ќе ги обедини сите граѓани со прогресивни цели.

„Македонското социјалдемократско семејство е големо, со Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби и друга таква политичка партија во државата нема“, рече Заев.

Вели дека не се безгрешни, никој не е, но факт е дека никогаш не скршнале од патот кој носи економски раст. СДСМ ќе продолжи да се модернизира со нови електронски членски книшки.

Приорите на партијата е борбата против ковид, зголемување на стандардот на граѓаните и општиот напредок на државата.