Тасевски: Оваа Влада работи само во корист на неколку олигарси

И Заев и Николовски ветуваа нула толеранција за корупцијата, но се виде дека тоа се само нивни празни флоскули, рече актерот Сашо Тасевски во вечерашната „Само Вистина“, каде дебатираше за сè што се случува во Македонија,

-Видовме до сега дека уште на самиот старт Заев најавуваше метли, дека ќе има одговорности дека ќе има нула толеранција за корупција. Истото го ветуваше и Љупчо Николовски, но гледаме дека тоа се само празни флоскули дека караванот си врви и дека оваа Влада работи само во корист на неколку богати олигарси и дека целокупниот државен апарат е ставен во функција на богатење на тие олигарси, рече тој.

Со тоа што секојдневно има многу скандали, според Тасевски, се покажува дека нема правен поредок на овие територии.

-Нашата држава ваква каква што е е мрша. Ако оваа држава ваква каква што е функционира на овие столбови, на криминал чист, а владее една олигархиска фамилија со цела држава, каде не постои правен систем, каде има обвиненија притвори по нарачка, надвор од правниот поредок, каде има држава која ја ведне главата под разни провокации од соседни држави, каде што не покажува отпор и волја да постои како суверена држава, вие практично немате држава. Со тоа што многу често има скандали покажува дека правниот поредок на овие територии не функционира. Јас искрено не би бил горд со ваква држава, додаде тој