Владата на денешната 54-та седница ја усвои информацијата на Министерството за финансии за реформа во насока на унапредување на процесот за фискална децентрализација, соопштија од прес службата на владата.
Реформата на фискалната децентрализација се состои од низа мерки и активности кои се содржани во три столба – подобрување на фискалниот капацитет на општините, домаќинско работење и отплата и репрограмирање на долгови, како и зголемување на транспарентноста и отчетноста на општините, информираат од Владата.