Рашковски летува во луксузен хотел во Мексико, од цените глава боли

Вчера објавивме дека Драги Рашковски одлетал за Мексико. Според едни побегнал поради последниот корупциски скандал, а, според неговата изјава за „Фокус“, отишол на одмор.

Како што можевме да дознаеме, според непотврдени информации Рашковски е сместен во елитното мексикански одморалиште Канкун во Хард рок хотелот.

Прашање е колку ќе го чини одморот, заедно со сопругата во овој луксузен хотел, ако се има предвид дека само сместувањето за две недели чини околу 17.000 евра, а повратните авионски карти околу 5.000 евра. Ова е според официјалните податоци на специјализираните веб-страници.