(ФОТО) Николовски покрај луксузните одмори милува и скапи часовници

Социјалдемократот Љупчо Николовски, како што претходно беше објавено, викендов со сопругата заминал на одмор во Дубаи, а вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата не е само љубител на луксузните туристички дестинации, туку е и посветен колекционер на скапи и луксузни часовници.

Ноторен е фактот дека летување во Дубаи, би го чинело семејството Николовски, можеби и повеќе десетици илјади евра. Што и би било соодветно на неговата пасија да собира лускузни и скапи марки часовници. Имено во поодамнешен прилог на порталот Машки Магазин, министерот Николовски е ставен во друштво со македонските интернационално прославени спортски ѕвезди кошаркарот Перо Антиќ и фудбалерот Горан Пандев, како личности кои обожуваат да носат луксузни часовници.

Во прилогот не се наведуваат конкретно марките часовници кои ги носат овие личности, но се посочува дека тие како моден детал кој го одразува и статусот на оној што ги носи може да чинат, како на пример, часовникот „Greubel Forsey Tourbillon Perpetual Calendar QP a Equation“ изнесува 719.000 долари кој е поврзан е со сателит за прецизно сметање на времето, има едноставена форма и е неприкосновен. Со слична цена се и „Алпина Харитаџ”, „Картие”, „Пијаџет Алтиплано”, „Шопард”, „Ролекс”, „Брајтлинг“, чии најевтини модели се движат од речиси 5.000 евра.

За вицепремиерот Николовски, пак, се наедува дека „часовниците на Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ му стојат беспрекорно, посебно кога е во костум. Изобилуваат со смирени линии и префинетост, претежно во златна или сребрена боја. Никогаш не погрешил во изборот и максимално води сметка часовникот да е дискретен“.

Додека за спортистите многу јасно и јавно како можат да си дозволат задоволување на своте пасии или колекционерски страсти, па и со луксузни предмети, секогаш интригантно е како политичарите, како Николовски, успеваат да им парираат со луксузот на ѕвездите од естрадата.

Цена 295.000 денари