
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави во средата дека Кине се однесува „репресивно и агресивно“, наведувајќи ги нејзините потези во Источното и Јужнокинеското Море каде што права полагаат и други американските регионални сојузници вклучително и Јапонија.
Зборувајќи на тркалезната маса со јапонските новинари во Токио, Блинкен изјави дека Пекинг со своите поморски операции и ставовите кон Тајван во регионот ги „зголемува тензиите, а не да ги намалува“.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен престојува во посета на Јапонија и Јужна Кореја заедно со министерот за одбрана Лојд Остин во обидот да ги зајакне американските врски со Азија, а станува збор за првите прекуокенаските патувања на водечките функционери во администрацијата на претседателот Џо Бајден.
Полагањето на право на тееритории и води на Кина во Источното и Јужнокинеското Море се истакнати како приоритетно прашање во длабоко нарушените американско-кинески односи и значајна безбедносна грижа за Јапонија и особено за нејзините економски интереси во регионот.
Блинкен рече дека Пекинг „се однесува порепресивно дома и поагресивно во странство, вклучитело и во Иточнокинеското Море и Сенкаку, како и во Јужнокинеското Моред и Тајван“.
Сенкаку, архипеаг кој се нарекува и Дијаоју Дао или Чиндао на кинеските наречја, се островчиња во Источнокинеското Море кои преку приватна сопственост станаа под надзор на Јапонија, но на коишто право полага Кина.
Блинкен и Остин во вторникот за ова прашање разговараа со јапонските колеги, како што беше соопштено во фарматот „2+2“ во Токио во пресреет на првата средба на Блинкен со кинеските колеги кон крајот на оваа седмица на Алјаска.
„Се радувам на можноста на нашите кинески колеги на многу јасен начин да им ги изнесеме некои од загрижености кои ги имаме поради акциите кои ги преземаат“, изјави Блинкен.
Јапонскиот министер за надворешни работи Тошимитсу Мотеги изјави дека прашањата во врска со Кина заземале поголе дел од неговите разговори со Блинкен и „изразено беше силното противење на едностраниот обид на Кина да го промени статус-квото во Источното и Јужнокинеското Море“.
Блинкен и Остин подоцна во средата од Токио ќе отпатуваат во Сеул каде што ќе престојуваат до четвртокот и ќе разговараат со јужнокорејските функционери.
По Јужна Кореја, Блинкен ќе отпатува на Алјаска, каде што ќе му се придружи советникот за националната безбедност Џејк Саливан на нивната прва средба со кинеските колеги.