Бајден: Путин нема душа и е убиец, и ќе ја плати цената за мешањето во изборите во САД

Американскиот претседател Џо Бајден рекол во средата дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро „ќе ги почувстува последиците“ од наводното директно мешање во американските претседателски избори во 2020 година, наводно за нивниот исход биде во полза на неговиот рапубликански противник и поранешен претседател Доналд Трамп.

„Ќе ја плати цената, а какви ќе бидат последиците ќе видите наскоро“, изјавил Бајден во интервју за американската телевизиска мрежа ABC News емитуван во средата утрото по локално време.

Бајден овие изјави ги искажал по извештајот на американската разузнавачка заедница според кои зад наводното мешање во американските избори стоел лично Путин.

Русија уште еднаш ги отфрли ваквите обвинувања кои во континуитет повеќе од седум години доаѓаат од Вашингтон, посочувајќи дека се неосновани и не се поткрепени со никаков конкретен податок и доказ.

Бајден за Путин рече дека е „релативно добро го познава“, како и дека според своето искуство со странските челници најважо е да се познава соговорникот. Рече дека во телефонскиот разговор во јануари ги предупредил рускиот челник за тоа.

На прашањето како Бајден ќе реагира на извештајот на разизнавањето, американскиот претседател рече дека „тој ќе ја плати цената“.

„Имавме долг разговор. Го познавам доволно добро. На почетокот од разговорот му кажав ‘ве познавам, а вие ме знаете мене’. Ако дознаам дека тоа се случувало, бидете подготве“, рече Бајден.

Бајден, исто така, рекол дека не верува дека рускиот претседател има душа, а на прашањето дали мисли дека Путин е убиец одговори потврдно. „Да, го мислам тоа“, вели американскиот претседател.

Но истовремено Бајден потсетува дека „постојат прашања од заеднички интерес на кои би можеле да соработуваат“, како што би било продолжувањето договорот за ограничување на нуклеарното оружје СТАРТ-3.

Претходно во вторникот канцеларијата на директорката на Националното разузнавање на САД, го декласифицираше извештајот во кој Москва и претседателот Путин директно се обвинети дека наводно правела обиди Трамп да биде реизбран, да се дискредитира Бајден и да се „посее раздор“ во американското општество. Во документот се тврди дека овие операции биле наводно изведени од „група руски владини организации“.

Во извештајот чијашто главна цел е да се оправдаат новите санкции против Русија кои веројатно ќе бидат воведени веќе следната седмица. Во документот, покрај Русија, како земји кои се обиделе да влијаат на исходот од американските претседателски избори се наведуваат и Куба, Венецуела, Иран и либанското шиитско движење Хезболах. Интересно, Кина не се споменува во овој документ, и покрај претходните обвинувања од Вашингтон.