4.8 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Втор случај во Хрватска: Млад човек почина по примање на вакцината AstraZeneca

Во Хрватска уште еден човек почина по примање на вакцината АстраЗенека. Хрват на возраст од 33 години починал 12 дена откако бил вакциниран со вакцината на АстраЗенека, поради што Хрватската агенција за лекови (ХАЛМЕД) започнала истрага.

Починатиот човек е од Сисак и починал утрово во загрепскиот КБЦ Ребро. Тој бил вакциниран во Сисак, а сè уште не е познато дали станува збор за прва или втора доза. ХАЛМЕД е во контакт со здравствената установа каде е регистриран случајот со цел што побрзо да ја достави целата медицинска документација врз основа на која може да се направи проценка на причинско-последичната врска. Во извештајот пишува дека се работи за тромбоцитопенија и крварење, а во тек е и обдукција.

Деновиве имаше случај каде 91 годишна жена почина по примање на вакцината. Многу земји во Европа го запреа вакцинирањето со оваа вакцина, поради сомневања дека предизвикува згрутчување на крв. Во регионот, деновиве БиХ ја прекина имунизацијата со АстраЗенека. СЗО пак повика оваа вакцина да се применува и дека нема докази дека предизвикува здравствени проблеми.