Обвинителството од Пловдив поднесе обвинение против 23-годишен маж кој до смрт претепал тригодишно дете. Злосторството се случило на 9 март минатата година во ромското маало во Асеновград.
Како што објавија бугарските медиуми, обвинетиот М.М живеел со мајката на детето.
Истрагата открила дека тој му удрил шамар на детето и го удрил со тупаница по телото. Потоа неколку пати го фрлил на креветот, па детето паднало на земја. Мајката била сведок на злосторството.
Првично, очувот и мајката тврделе дека детето паднало на улица и починало.