Платата за февруари ќе биде покриена, а Законот за државна помош за исплата на февруарската и мартовска плата треба да биде изгласан следната недела, односно за дестина дена, уверува вицепремиерот Фатмир Битиќи. Оптимист е дека и покрај поднесените бројни амандмани во Собранието ќе се изгласа ова решение кое секако беше заглавено во законодавниот дом. Им порача на пратениците да не бидат политичари кога станува збор за помош.
„Благодарност и до вас медиумите што вршите притисок, законите ќе бидат донесени веќе наредната недела и граѓаните и стопанствениците ќе ја добијат помошта. Време за политика ќе има кога ќе живеееме подобро, кога нема да има притисок од здравствената криза. Треба да се работи на нови законски решенија, нови мерки за поддршка, рече Битиќи.
На дополнително прашање за илјадниците амандмани вели:
„Февруари ќе биде покриено со плата, другото пратениците нека одговорат, јас знам како би постапил да сум на нивно место.
Тој учествува денеска на Економскиот форум „Економијата на крстопат: Кој ќе биде мотор на растот по Ковид-19, кој го организира Фајнанс тинк.