Лагите на Заев и Владата за вакцините во три реченици…

Срам, дебакл, неспособност и хаос. Луѓе умираат, носат со себе трауми поради овие дезертери и криминалци. Вака претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја опишува неспособноста на владата да обезбеди вакцини навреме.

„Во три реченици вака изгледаат лагите на Заев и Владата за вакцините:

-На 11 декември минатата година Заев изјави: „Можевме да набавиме вакцина директно од Фајзер, ама тоа не го дозволува законот”.
-На 4 јануари 2021 година Заев вети: „Постигнат е договор со Фајзер, тие ќе пристигнат во февруари”.
-Денес веста е: „Договорот на Македонија со Фајзер не е финализиран”.

Срам, дебакл, неспособност и хаос. Луѓе умираат, носат со себе трауми поради овие дезертери и криминалци“, напиша Мицкоски на Фејсбук.