Филипче: Имаме под 1.000 новозаразени, не се потребни дополнителни рестрикции

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека денеска има нешто помалку случаи со болни од ковид- 19 за разлика од претходните денови.

– Бројката на новодијагностицирани денеска е под 1.000. И тоа што очекуваме во следниот период во таа насока да оди ситуацијата, односно да има стабилизирање, односно полицискиот час што беше воведен пред една недела, десетина дена да ги даде резултатите – изјави Филипче.

Oд почетокот на оваа недела имаше забрзано полнење на болничките капацитети, пред се, на интерните клиники со цел, како што речe, да се обезбеди доволно простор оној дел на хируршките клиники кој за време на кризата во претходниот бран, во ноември,  никогаш не се пополни, го ставивме во функција.

– Но, сега и на интерните клиники има сосема доволно празни болнички кревети така како што беше во пикот во бранот во ноември. Сакајќи да обезбедиме и дополнителен простор целосно опремен за да може да се третираат пациенти со ковид-19, уште едно одделение, тоа е за пластична хириргија и уште едно на призмејето, тоа се одделенија на хириргија кои имаат посебни влезови и не ги контамнираат оние заеднички простории на хируршките клиники и лифтовите, практично сега се слободни и на располагање за сместување за ковид-пациенти и потенцијално најгорниот кат на Клиниката за кардиологија. Тоа се вкупно дополнителни, од оној максимум за време на вториот бран во ноември, 100 кревети повеќе за третман на овие пациенти – појасни Филипче.

Ова , како што нагласи, го правиме за сигурност, ова го правиме за да обезбедиме секој пациент доколку има потреба биде сместен.

– Спремни сме да препорачаме и дополнителни рестрикции, но во секојдневна консултација и со тимот што ги координира приемите во болничките капацитети, секако и членовите на Комисијата за заразни болести, засега сметаме дека дополнителни рестрикции не се потребни – изјави Филипче.