Падна Инстаграм, корисниците во светот посочуваат проблеми

Корисниците известуваат дека воопшто не можат да пристапат до Инстаграм или да испраќаат и примаат пораки на „WhatsApp“.

Проблемите започнаа нешто пред 19 часот. Корисниците известуваат дека нивните хаштагови не работат на Инстаграм, а многумина известуваат дека воопшто не можат да пристапат до апликацијата.

Што се однесува до WhatsApp, корисниците известуваат дека не можат да примаат или испраќаат пораки, а оние кои можат, пријавуваат дека не можат да преземаат фотографии и снимки што ги добиваат.