Во центарот на Берлин дежураат речиси две илјади полицајци поради протести

Најмалку 1.800 полицајци дежураат во саботата во центаротл на Берлин поради 11-те најавени протести на противниците на политиките на германската влада насочена против справување со пандемијата на коронавирусот, како и на опонентите на таканаречените „ковид дисиденти“ припадници на радикалното левичарско движење на Антифа, соопштија од полицијата на германската престолнина.

„Околу 1.800 полицајци се распоредени во центарот на Берлин по долж на Тиргартен, владиниот кварт. Тие ја осигуруваат безбедноста на 11 протести во градот, на коишто учествуваат и ‘ковид дисидентите’ и нивните противници“, се наведува во изјавата на портпатолката на градската полиција.

Таа додаде дека некои од помалите протести веќе биле завршени и оти минале мирно, како и дека бројот на учесниците на нив бил помал од пријавениот. Еден од овие протести се одвивал на булеварот Унтер ден Линден, крај Бранденбуршката порта. Се известува за околу стотина учесници на овој протест кој минал без нарушувања.

Претходно еден од најавените собири на противници на рестриктивните владини мерки во врска со пандемијата накоронавирусот не се одржал поради премалку учесници кои се одзвале на протестот, соопшти берлинската полиција.

„Општо земено, во моментов во градот е мирен, на протестите има помалку учесници од вообичаеното“, додале од полицијата на главниот град на Германија.