8.8 C
Skopje
сабота, март 1, 2025

Девојка сакала да скокне од 5-ти кат од зграда во Карпош, интервенирале специјалци

Специјалци спречија млада девојка да скокне од петтиот кат од зграда во скопски Карпош. Тие со јажиња од горниот кат се спуштија и ја затворија терасата. Од противпожарната единица Скопје информираа дека за случајот пријавиле соседите околу 12.30 и дека девојка е качена на балкон со намера да скокне, пренесува А1 он.

-Веднаш дојдовме на местото на настанот и поставивме безбедносен душек, доколку скокне од петтиот кат, за да се спаси. Но, по наредба на интервентната полиција која ја презеде акцијата ние тука се повлековме и настапија нивни екипи во акцијата за спасување. Како што видовте, полицајците со јажиња се качија на горниот кат и ја затворија излезната врата од балконот на долниот кат каде што беше девојката. Акцијата е успешно завршена, изјави Владимир Кочовски командир во против пожарна единица Скопје.

Мотивите и околностите кои довеле до овој настан допрва ќе се утврдуваат.