
Окружниот воен суд на Бугарија го разгледудва во неделата барањето на обвинителството за траен притвор на осомничените за шпионирање во позла на Русија пропадници на министерството за одбрана и на военото разузнавање.
Како што пренесува службената бугарска новинска агенција БТА, по седницата којашто траела неколку часови, судот одлучол полковникот Петар Петров, заменик на началникот за дирекцијата за буџет на министерството за одбрана да биде ставен во траен притвор до завршувањето на истрагата и процесот.
Обвинителството појаснило дека судот се согласил со нејзиното образложување дека доколку осоничениот остане на слобода, може да избега.
Адвокатот на полковникот Петров ијзаил за медиумите дека притворот за неговиот клиент е незаконски и неоправдан. Според адвокатот Петар Петков, обвинителство не прецизирало какви информации собирала групата за наводно да ѝ бидат предаден на Русија. Само откако ќе биде познато за кои документи станува збор, ќе може да се заклучи дали станува збор за класифицирани информации, рекол Петков и додал дека полковникот имал „беспрекорна служба“ во министерството за обрана.
Се очекува во текот на ноќта во неделата да биде донесена процедурална одлука за преостанатите четврица приведенни. Еден од осомнитечните, кој веќе го признал делото, беше во меѓувреме ослободен од обвинителството со кауција.
Во петокот бугарското обвинителство објави дека шестмина припадници на министеството за одбрана и на военото разузнавање биле приведен под сомнение дека шпионирале во полза на Русија. На брифингот за медиуми беа презенетирани аудио-записи и видео-материјали добиен и со помош на посебните мерки и средства за следење.
Според обвинителството, добиените снимки се доказ за незаконските активности на притворените. Главниот бугарски обвинител Иван Ѓешеф истакна дека наводната шпионска мрежа била откриена со помош на разуснавачки агенции од Европската унија и на САД.
Руската амбасада во Софија побара да не се шират шпекулациите додека делото не влезе во судска процедура. Амбасадата, исто така, изрази уверување дека „судењето ќе биде спроведено на деполитизирана, непристрасна и објективна основа во строга согласност со нормите на бугарското и меѓународното законодавство“.