Заев реизбран за претседател

Актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев со 59.240 гласа „за“, 865 „против“ и со 277 неважечки ливчиња е избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори.

Како што истакнаа од Централанта изборна комисија на СДСМ изборниот ден помина во најдобар ред, без попречување и согласно прописите.

На 237 изборачки места од вкупно запишаните 68.991 активни членови гласале 90 отсто, а првичните резултати се за пребрени 227 избирачки места.

– Согласно бројот, односно процентот на пребројани гласови имајќи ја предвид слободно изразената волја на членовите на првите директни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ е избран Зоран Заев.  Денес поставивме нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во демократските процеси – порачаа од ЦИК на СДСМ и додадоа дека внатрепартиски избори се спроведоа целосно безбедни за здравјето на сите учесници со строго почитување на мерките и препораките за заштита на здравјето.