Беневенто го шокираше Јуве, Милан триумфира во Фиренца а Наполи во Рим

Juventus FC vs Benevento Calcio at the Allianz Stadium in Turin, Italy, 21 March 2021. ANSA/ALESSANDRO DI MARCO

Фудбалерите на Беневенто направија голема сензација победувајќи го во мечот од 28-то коло во Торино актуелниот италијански првак Јувентус со 1:0, Милан во натпреварот со пресврти успеа на крајот да со 3:2 да триумфира на гостувањето кај Фиорентина, а дербито во Рим

Решавачкиот погодок на мечот во Торино за првата победа на Беневенто во историјата над „Старата дама“ по досегашните три средби во кои победи Јуве а еден меч заврши без победник, го постигна Адолфо Гаич во 69 минута.

По неочкуваното елиминирање од Лигата на шампионите од Порто, Јувентус со овој пораз се чини практични останува и без шанси да ја одбрани титулата, додека гостите освоија големи непланирани бодови во борбата за спасување на прволигашкиот статус.

Јувентус доминираше во текот на натпреварот, имаше надмоќ во поседот на топката од 68 наспроти 32 отсто, повеќе удари од 23-7, повеќе удари во рамките на голот 9-1 и корнери 9-1, но сепак бодовите одат во Беневенто. Гостите ги освоија три бода од единствениот шут во рамките на противничкиот гол, кој го упати аргентинскиот напаѓач Гаич, кој во италијанскиот клуб дојде во јануари од московска ЦСКА:

Со овој пораз Јувентус останува на третот место израмнет со Аталанта со по 55 бодови, а Беневенто се одржува седум бодови над зоната на испаѓање, на 16-то место е со 29 бодови.

Со идентичен резултат завршија уште две средби, Лацио на гостувањето го совлада Удинезе со погодокот на Адам Марушиќ во 37 минутиа, а Сампдорија со погодокот на Антонио Кандрева во 25 минута го совлада дома Торино.

Лацио моментално е седми со 49 бодови, Сампдорија е 10-та со 35 бодови, Удинезе е 12-ти со 33 бодови, а Торино 17-ти со 23 бодови, бод над зоната на испаѓање.

Во првиот неделен дуел Аталанта славеше со 2:0 на гости кај Верона. Головите за гостите ги постигнаа Руслам Малиновски во 33 минута од пенал а 42 минута подоцна Дуван Запата. Аталанта со меч повеќе е на делба на третото место со Јувентус, а Верона остана е деветта со 38 бодови.

Во Фиренца Милан поведе, „Виолите“ потоа направија резултатски пресврт, а „Росонерите“ потоа со два погодија дојдоа до трите бода.

Гостите од Милано поведоа во 9 минута со голот на Златан Ибрахимовиќ, но Фиорентина преку Ерик Пулгар во 17 и Франк Рибери во 51 минута стаса до предност. Браим Диаз во 56 минута израмно а на гостите победата им ја донесе Хакан Чалханоглу во 72 минута.

Милан сега ја намали предноста на градскиот ривал Интер на врвот на табелата за шест бодови, односно има 59 бодови, но „Нераѕурите“ имаат и меч помалку. Фиорентина по ова коло падна на 14-то место со 29 бодови, седум повеќе од зоната на испаѓањето.

На римски „Олимпико“ во последниот неделен натпревар, Наполи на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмаз кој ги одигра последните 20-ина минути од дербити, со 2:0 ја совлада Рома.

Дуелот на соседите на тамелата и директни конкуренти за позициите кои водат директно во европските купови сосема заслужено му припадна на тимот од Неапол. Двоен стрелец беше Дрис Меренст во 27 минута од слободен удар и во 34 минута од близина со глава, по асистенцијата од Мтео Политано. Рома најблиску до погодок беше во 61 минута кога Лоренцо Пелегрини шутираше од работ на шеснаесетникот погодувајќи ја десната статива.

Мертенс со дватата погодокат адојде до бројот од 100 голови во Серија А, за што му беа потребни 254 настапи во кои впиша и 61 асистенција. Само уште два играчи на Наполи постигнале 100 прволигашки погодоци, Марек Хамшик точно 100 и Антонио Војак 102.

Ова беше деветото дерби за Рома оваа сезона и сѐ уште нема победено во ниедно, впишувајќи шест порази и три ремија.

Наполи сега со 53 бодови е петти на табелата на позицијата која води во Лига Европа, надминувајќи ја следната Рома која има три бода помалку Рома но со натпревар повеќе.