Во Словенија висок раст на новозаразените, скок од 41,5 отсто на седмично ниво

Словенија бележи скок од 41,5 отсто новозаразени во епидемијата на коронавирусот на седмично ниво, објави во понеделникот словенечката влада, наведвуајќи дека во последните 24 часа со намалениот обем на тестирањата и 15,7 отсто позитивни наоди, потврдени се 290 нови коронаинфекции.

Според процените на словеничките епидемиолози, станува збор за драматичен скок според кој Словенија повторно се придвижува од сегашната „портокалова“ кој „црвената“ фаза од епидемијата од Covid-19. Според проекцииите кои за владата ги прави научниот институт „Јожеф Штефан, овој праг Словенија би можела да го достигне следните седум дена, што значи дека просечно бројот дневни зарази за последните седум дена би можел сегашните 825 би се зголемил на повеќе од 1.000.

За моменталната епидемиолошка ситуација во понеделникот попладне ќе дискутира советодавната група на словенечката влада за Covid-19, и ќе предложи нови мерки, а ќе се дискутира и за можната епидемиолошка рамка во текот на Велигденските празници. Можноста за укинување на полицискиот час преку ноќта, што се најавуваше неодамна поради позитивните трендови, сега отпадна, пренесуваат словенечките медиуми во понеделникот. Како што наведуваат медиумите, владата во сегашната ситуација настојува да се одржи сегашниот режим на настава во училиштата, а можни ограничување во бројот на лицата на кои им е дозволено собирање, на помалку од сегашните десетмина.

Како што беше кажано на владината прес-конференција во понеделникот, сите епидемиолошки податоци доживеале пресврт кон негативниот тренд, па 14-дневната инциденца бројот на заразените на 100.000 жители пораснале на 504, седумднената на 273, а повторно се зголемува и притисокот врз болницата.

Во саботата и неделата во болниците се примени 85 нови ковид-пацентите а отпуштени се 37, па хоспитализирани се моментално 494 пациенти, од кои 94 се на одделите за интензивна нега.

Според новите податоци на словенечкото министерство за здравство, во последните 24 часа починале уште четири лица заболени од Covid-19, па вкупниот број починати од почетокот на епиемијата се зголеми на 3.974 лица. Досега против Covid-19 се вакцинирани 186.170 луѓе, од кои две дози од вакцините примиле 104.042 лица.

Според оцените на Милан Крек, директор на националниот Интитутот за јавно здравје (NIJZ), најголема причина на порастот на заразите во последно време е ширењето на новите соеви на вирусот, првенствено на британската варијанта. Раширеноста на овој сој секоја седмица се удвојува, а единствено доследното почитување на мерките и рестрикциите може да го спречи негативното сценарио од минатата есен кога имаше и до 3.000 нови зарази на ден, предупредува Крек.