![policiski cas](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/05/policiski-cas.jpg?resize=696%2C383&ssl=1)
По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата денеска одлучи да го продолжи полицискиот час и тој да биде во сила до 6 април.
„Актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, продолжува до 6 април“, информираат од Владата.
Министерот за здравство Венко Филипче претходно посочи дека доколку дојде до влошување на состојбата со ковид-19, не се исклучува можноста за кратење на работното време на угостителите и зголемување на времето на полицискиот час.