
Рускиот претседател Владимир Путин има намера да се вакцинира против коронавирусот во вторник, на 23-ти март, пренесуваат медиумите по често поставуваните прашања зошто рускиот челник досега не се имунизирал.
„Вакцинирањето е доброволен избор на секој човек, негова лична одлука. Патем, јас самиот имам немара тоа да го сторам утре“, изјавил во понеделникот Путин на советувањето за зголемувањето на руското производство на вакцините против коронавирусот.
Зборувајќи на состанокот пренесуван на телевизијата, Путин исто така реле дека Русија потпишака меѓународно договори за снабдување со вакцината „Спутник V“ за 700 милиони луѓе. Додаде дека од витална важност е да се зголеми и производството на вакцините за домашна употреба во земјата, каде што досега 4,3 милиони луѓе ги примиле двете дози.
Русија од почетокот на епидемијата има 4,5 милиони заразени со коронавирусот со што е четвртата на светот, а според бројот на починатите е седма со 93.812 смртни исходи на 144,5 милионското население.
Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, подоцна за новинарите рече дека Путин ќе биде вакциниран со една од трите вакцини кои се одобрени за користење во Русија, но не сакал да открие точно со кој препарат против коронавирусот.
„Тоа ќе биде со една од нашите три вакцини. Сите се добри и сигурни“ за употреба, одговорил портпаролот на Кремљ на дополнителното новинарско прашање.
Во Русија се одобрени за користење три вакцини против коронавирусот: „Спутник V“, „ЕпиВакКорона“ и „КовиВак“.
Песков истакнал дека вакцинирањето против Covid-19 на Путин веројатно нема да биде јавен настан со присуство на медиумите, како што тоа го направија челнициите на некои други земји во светот.
Претходно Песков неколкупати за медиумите одговраше дека Путин самиот ќе објави кога и дали ќе се вакцинира против Covid-19, на забелешките дека слабата заинтересираност на Русите за вакцинација делумно се должи и на тоа што претседателот самиот не се вакцинирал. Според неговата оцена, во моментов нивото на пријави за вакцинирање во земјата е доволно висока.
Путин досега велеше дека сѐ уште не се вакцинирал, бидејќи достапните вакцини не се наменети за луѓе на неговата возраст, но порача дека тоа ќе го стори што е можно поскоро. Често во медиумите се споменуваше дека тоа ќе се случи претстојната есен.