Маас и Вархеји разговарале за преговорите со Македонија и Албанија

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на Twitter објави дека се сретнал со министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и дека разговарале за пристапниот процес со Скопје и Тирана.

„Добра дискусија со МНР Хајко Мас денеска. Разменивме мислења за западниот Балкан и потребата да се оди напред со процесот на проширување на ЕУ, вклучително преку отворање на преговорите за членство со Албанија и Македонија што е можно побргу“, напиша унгарскиот дипломат.

Вархеји и Мас разговарале и за поддршката на ЕУ на западен Балкан во борбата против пандемијата од коронавирусот.