
Петнаесетгодишно момче е тешко повредено во неделата вечерта на скопскиот булевар „Партизански одреди“ по налет на автомобил чиј возач веднаш по несреќата избегал и без да пружи помош.
Инцидентот во скопската полиција е пријавен ноќеска околу 20 часот, и според пријавата автообил „ауди“ со скопски регистарски ознаки, по незгодата го напуштило местото на настанот откако удрило во 15-годишен пешак од Скопје.
По незгодата пешакот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на настанот извршен е увид од СВР Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.