
Во последните 24 часа во Мекедонија сразмерно со помалку направени тестирања во периодот на викендот односно 1.682, позитивни на коронавирусот се речиси третина од тестираните примероци – 457 нови случаи, а забележани се уште 30 нови смртни исходи како последица на компликации предизвикани од Covid-19, соопшти во понеделникот Министерството за здравство.
Севкупно од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Македонија пред една година, досега се потврдени вкупно 119.828 случаи на заразата, бројката на оздравени пациенти е 101.474, на починати е 3.503, а бројот на активни случаи изнесува 14.851.
Триесетте починати се на возраст од 50 до 84 година а најмногу се од Скопје и од Прилеп. Осум починати се од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.
Главниот град бележи и најногу заразени: Скопје – 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница – по 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 53370, активни 7604
Прилеп 6529, активни 940
Куманово 6271, активни 547
Тетово 6003, активни 452
Гостивар 4257, активни 376
Кавадарци 4116, активни 616
Велес 4045, активни 467
Штип 3987, активни 296
Битола 3947, активни 431
Охрид 3811, активни 559
Струмица 3043, активни 259
Струга 2570, активни 157
Кочани 2098, активни 200
Кичево 1880, активни 91
Неготино 1772, активни 410
Гевгелија 1614, активни 324
Свети Николе 1190, активни 64
Крива Паланка 1012, активни 115
Ресен 934, активни 128
Радовиш 831, активни 76
Дебар 819, активни 25
Делчево 803, активни 75
Берово 762, активни 83
Пробиштип 630, активни 64
Виница 564, активни 39
Валандово 461, активни 75
Крушево 407, активни 127
Богданци 375, активни 70
Демир Капија 322, активни 72
Демир Хисар 312, активни 42
Кратово 310, активни 19
Македонски Брод 277, активни 24
Пехчево 205, активни 12
Македонска Каменица 195, активни 3
Дојран 106, активни 9