13.8 C
Skopje
вторник, март 4, 2025

Дали функционери и нивни семејства се вакцинирале преку ред?

Како најстрого чувана државна тајна со високо ниво на класифиција се крие информацијата за тоа кој се ја примил вакцината против Ковид 19, пишува Лидер

Од Министерството за Здравство тврдат дека до сега се вакцинирале само лекари, но и покрај тоа не сакаат на увид на јавноста да ја стават целосната листа на вакцинирани лица.

Според иформациите кои се класифицирани и затоа не може да се објават, огромен дел од вакцините не биле потрошени на вакцинирање на лекари туку на вакцинирање на високи државни функционери, нивните семејства како и бизнис партнери на власта.

Од извори во опозицијата Лидер дознава дека наскоро во Собранието ќе биде поднесена иницијатива за декласификација на листата на вакцинирани лица.