Пратениците на ВМРО-ДМНЕ се проактивни за многу теми кои што се од интерес на граѓаните и тие не ја кочат работата на Собранието, рече портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на денешната прес-конференција.
– Можам само да потенцирам дека доколку сакаше власта, односно СДСМ, односно Зоран Заев, да биде изгласан петтиот сет на мерки и да се помогне на стопанството, тоа можеа да го направат дента кога се гласаше доверба на владата на Зоран Заев. Бидејќи две недели порано беше претставен петтиот сет на мерки и можеа тогаш да го изгласаат. Но, зошто не го направија тоа? Тоа не го направија бидејќи и ним не им одговара да биде изгласан петтиот сет на мерки затоа што немаат пари во Буџетот. Секое одолговлекување и одлагање на гласањето на овој закон за петтиот сет на мерки каде што треба да им се даде инјекција на стопанството и да им се помогне, не им одговара да се изгласа овој закон единствено на СДСМ и на власта како што реков затоа што немаат пари во Буџетот. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било против помош на стопанството, но во моментов единствено таков закон не му одговара да се донесе на СДСМ, повторно ќе потенцирам затоа што немаат пари во Буџетот. Доколку сакаа истиот закон ќе можеа да го изгласаат дента кога ја гласаа таканаречената „доверба на Владата на Зоран Заев“ – рече Арсовски.