
Министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО ја потврдија во вторникот на својат средба во Брисел „трансатлантската врска“ меѓу Америка и Европа, како и приврзаноста на основните принципи на Алијансата, вклучително и оној за взаемната одбрана.
Шефовите на дипломатиите во заедничката изјава ја „потврдија трајната трансатлантска врска меѓу Европа и Северна Америка, во чиешто срце е НАТО“.
„Нѐ поврзуваат заедничките демократски вредности и почитувањето на целите и начелката на Повелбата на Обединетите нации. НАТО е темелот на нашата колективна одбрана: заедно ја потврдуваме нашата цврста доследност на Вашингтонскиот договор, вклучително дека нападот врз еден сојузник ќе се смета за напад на сите нас, како што стои ви членот 5“, се наведува во изјавата усвоиена на крајот од првиот ден на дводневниот состанок.
По четиригодишниот период од мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за кого НАТО беше застарена организација и особено жестоките негови критики за европските сојузници кои не вложуваат во својата одбрана според договореното во Алијансата а соработуваат со Кина и Русија, а бараат од САД да ги бранат, со доаѓањето на новата администрација на претседателот Џо Бајден, сосема се промени тонот во комуникацијата на Вашингтон со европските сојузници.
На средбата во Брисел учествува американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој ја потврди американската приврзаност на НАТО и желбата за ревитализација на пактот.
Во заедничката изјава министрите, исто така, се наведува дека НАТО ќе продолжи да се прилагодува за да моќе да се соочи со новите закани.
„Трансатлантското партнерство останува темелник на нашата колективна одбрана, пресуден за нашата политичка кохезија и клучен столб на меѓународниот поредок заснован на правилата“, се додава во заедничката изјава.
Министрите најавуваат дека зајакнувањето на отпорнота на НАТО, воената сила и глобалните можности на Алијансата, истакнувајќи дека претстојниот самит кој ќе се одржи во јуни ќе отворни ново поглавје во трансатлентските односи и ќе ги постави насоите за иднината на пактот до 2030 година и потоа.