Лука Дончич и Карлос Сајнц почесни членови на Реал Мадрид

Шпанскиот спортски клуб Реал Мадрид, под покровителство на претедателот Флорентино Перез, ги именуваше во вторникот шпанскиот рели возач Карлос Сајнц и словенечкиот кошаркар Лука Дончич за почесни членови на клубот.

Како што соопшти „Кралскиот клуб“, станува збор за двајца светскио познати спортиси кои го претставуваат принципите на клубот и кои редовно ја изразуваат својата поврзаност со Реал Мадрид.

Карлос Сајнц е легенда и една од најголемите шпански спортисти во историјата. Меѓу неговите исклучителни успеси се двете титули светски првак во рели и трикратен победник на релито Дакар.

Лука Дончич во моментов е еден од најдобрите играчи во НБА лигата, кој се калеше во младоста во Реал Мадрид. Во мадидскиот клуб дојде со 13 години и освои седум титули одигрувајќи 216 натпревари: во Евролигата, клупскиот интерконтинентално првенство, три шпански првенство и два Купа на кралот, се додава во соопштението на мадридскиот клуб.