
Дијаспората се попишува, а се очекува да почне и пописот на територијата на Македонија. Во време кога бројот на починати и новозаразени лица алармантно расте, власта од нас бара да се ставиме во уште поголем ризик.
Заев, Филипче и Симовски убедуваат дека токму сега е време за попис, а фотографиите од локациите каде попишувањето почна, јасно говорат дека зад “статистичката операција“ стои нешто сосема друго.
Имено, на спроведувањето на пописот кај нашите иселеници во Германија, атмосферата изгледаше вака:
Повеќе лица во група, на местото каде се врши пописот се фотографираа и направија објава под албанско знаме.
Огромен проблем е што голем број на лица, како и овие, среде корона пандемија, ќе се групираат за да спроведат попис. Тоа е директен ризик за здравјето на секој граѓанин.
Што значи албанското знаме во објава за попис на македонски граѓани? Значи само едно – дека овој корона попис нема цел да направи статистика, туку да постигне некоја цел.
Тоа уште во јануари го потврдија и албанските политичари во Македонија.
Пораката на ДУИ е дека ако пописот покаже дека во Македонија живеат помалку Албанци од 20% од вкупниот број на населението, коалициониот партнер на СДСМ нема да ги признае резултатите. Ова е голем доказ дека пописот не е статистичка операција како што Заев и неговите најблиски соработници сакаат да го претстават.
Пратеникот од редовите на ДУИ, Арбр Адеми, тогаш рече дека доколку на пописот излезе дека Албанците се помалку од 20%, тогаш нема да ги признае резултатите.
Х.С: Ако Албанците излезат 19%, дали ќе ги прифатиш резултатите од пописот?
А.А: 19?! Никогаш, никогаш!