
Бројот на смртните сличаи како последица од зараза со коронавирусот во Бразил на дневно ниво надмина 3.000, со што земјата во моментов според смртнотста од Covid-19 на дневно ниво, а САД сега се на второто место, каде што во просек по околу се бележат 1.000 смртни случаи дневно, а на третото место е Мексико, со по околу 700 смртни случаи.
Според Светската здравствена организација (СЗО – WHO), до средата од почетокот на пандемијата на коронавирусот во декември 2019 година починале повеќе од 2,72 милиони во светот.
Америка
Во Бразил смртноста расте третата седица по ред, а последниот седумдневен просек изнесува 2.400 сртни исходи, во вторникот беа регистрирани 3.200 починати од Covid-19. Според вкупниот број на смртни случаи 298.600, Бразил го зазема второто место во светот, со 142 починати на 100.000 жители.
Во САД се забележува тенденцијата на намалувањето на дневната стапка на смртноста. На крајот на јануари беа постигнати максималните показатели со повеќе од 4.500 смртни исходи на ден, додека сегашниот просек изнесува 1.000 починати на дневно ниво. Соединетите држави се водечки во светот со бројот на смртни случаи од Covid-19 со 543.800 лица, односно 167 починати на 100.000 жители.
Во Мексико смртноста падна од меѓу 1.600 и 1.700 случаи на ден кон крајот на јануари и почетокот на февраури, на меѓу 600 и 700 починати последната седмица. Вкупниот број смртни случаи достигна 199.000, со што е трета земја на светот, односно 153 смртни случаи на 100.000 жители.
Во Колумбија, Аргентина и Перу постојано бележат помалку од 200 смртни случаи на дневно ниво.
Европа
Меѓу земјите во западна Европа највисока смртност во моментов имаат Италија со 300 до 500 починати на ден, Франција со 150 до 300 починати и Германија со 200 до 250 починати на дневно ниво. Сепак, овие показатели се значително пониски отколку во периодот декеври/јануари, кога достигнуваа по 1.000 смртни исходи на дневно ниво.
Во Велика Британија и Шпанија се бележи константен пад на смртноста на помалку од 100 смртни случаи на дневно ниво.
Во источна Европа највисока стапка на смртноста од Covid-19 има Полска со 300 до 400 починати на ден, Украина со 200 и Чешка со 230 до 270 смртни исходи на дневно ниво. Овие земји овој период ги минаа максималните показатели на смртноста на дневно ниво, на пример Украина минатото деноноќие беа забележани највисоките 342 смртни случа во 24 часа.
Процентуално, смртноста е најголема во Чешка каде што има 233 смртни случаи на 100.000 жители. Во повеќето европски земји овој показател изнесува над 100 починати на 100.000 жители.
Азија и Африка
Во Индија, каде што се забележани 100 и помалку смртни случаи на дневно ниво на почетокот на март, бројките повторно се зголемуваат и надминаа 200. Во пикот на епидемијата во септенври минатата година, во Индија просечно умираа повеќе од 1.000 луѓе на ден. Во однос на вкупната бројка смртни случиа од почетокот на пандемијата со 160.400 лица, Индија е на четвртото место во светот но со само 11 пријавени смртни исходи на 100.000 жители.
Во Иран од почетокот на март константно се бележат помалку од 100 смртни случаи од Covid-19 на дневно ниво, за разлика од ноември кога во 24 часа умираа по околу 500 луѓе.
Во Турција во поголемиот дел од март смртноста остана под 100 починати на дневно ниво, но последните денови бројките го минуваат овој праг. Декемврискиот максимум изнесуваше 250 починати во 24 часа.
Моменталната стапка на смртноста во Јужноафриканската Република падна на помалку од 100 смртни случаи дневно, додека во јануари надминуваше 800 починати во едно деноноќие.