Демировски: Поради заканите од премиерот сум загрижен за мојата и безбедносната на моето семејство

„Зоран Заев го допре дното откако поради моите издржани критики се одлучи да ми се заканува“, вели претседателот на Народната партија на Ромите Геге Демировски на Фејсбук профилот и додава:
„Поради заканите од премиерот сум загрижен за мојата и безбедносната на моето семејство“.
„Еднаш пробаа да ме убијат, не успеаа. Нема да запрам бидејќи борбата за нашата Македонија и за браќата Роми е поголема од секој еден поединец.

Казната за тоа што им правиш на Ромите и на сите граѓани кои живеат во Македонија ќе те стигне на следните избори кога РОМИТЕ ќе те вратат назад во Муртино“, порача Демировски.